26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Водата во Крушево е загадена, да се преврива или да не се користи воопшто!

Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи, информира градското комунално претпријатие.

Се очекува проблемот да биде надминат до вечерва.

При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода, посочуваат од ЈП „Комуна“ Крушево од каде екипи работат на санација  на улиците: „Томе Николе“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Партизанска“, „Манчу Матак“ и „Питу Гули“  .

ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.

Би можело да ве интересира

Туристичко Крушево очекува над 3 илјади гости со параглајдинг натпреварите

На барање на младите Крушево ќе добие „ин-аут“ кино

Викендов во Крушево, саем за производители и туризам и неколку спортски настани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе