Екипата на Дубочица од Лесковац го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Српскиот тим славеше во финалето против домаќинот Прилеп со убедливи 36-24, а победникот беше најавен уште по првиот дел, кога гостите водеа со 19-14 . Ова е прв пат странска екипа да го освои турнирот во Прилеп. Претходно два пати победник беше Еурофарм Пелистер, а по еднаш Охрид, Тиквеш, Пролет и Металург 2.
Најдобар голман на турнирот беше проглaсен Ѓорѓи Ерманоски од Мулти Есенс, најдобар стрелец со 25 постигнати голови, беше Давор Шокоски од Прилеп, додека МВП (најдобар играч на турнирот) беше левото крило на Дубочица, Марко Радуловиќ.
Третото место на седмиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски го освои составот на Скопје, кој славеше против Струга со 23-21, додека петтото место го освои грчки ПАОК – Солун по триумфот над Мулти Есенс, со 31-28.
Фото и текст преземен од: https://24rakomet.mk/%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%80-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4/