7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Петкоски: Прилеп со сигурност ќе доживее повторна преродба со реализација на ветените проекти!

Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп, денеска излезе со реакција и ги отфрли обвинувањата на прес конференција на ОО на СДСМ Прилеп, одржана во саботата. Ја пренесуваме во целост:

Неоснованите критики за десетмесечното работење на Локалната власт во Прилеп, упатени од опозицијата, се  само потврда дека брзо заборавиле на нивното 4 годишно популистичко владеење и несовесно и неодговорно трошење на парите на граѓаните, со што општинската каса ја испразниле до таа мера, при што морале да подигаат  и кредити за да го завршат својот мандат, па ја оставија општината во долг од 5 милиони евра. Дека не штеделе и расипнички ги трошеле парите на граѓаните говорат и нивните „богати проекти“ за кои од буџетот на општината се излеани милионски суми. Како потсетување, од предвидените 8 милиони денари во буџетот на општина Прилеп за изградба на проектот наречен „мостот кај Сточен пазар“, тендерот за негова изведба достигна фантастична сума од над 38 милиони денари, пари од нашите сограѓани, во буџетот на Општина Прилеп. Проектот  “реконструирање на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на градот кој што направи хаос во централното градско подрачје и се изгубија повеќе од 300 паркинг места, а исто така се направија и велосипедски патеки кои се во близина на коловозот и преставуваат опасност за велосипедистите. И наместо подобрување на безбедноста и протокот во сообраќајот, вашата нестручност создаде  хаос во целиот град, кој денес го чуствуваме сите. Проектот „Автобуси на метан“  секој вреден по четврт милион евра, додека добро знаеме дека во некои други општини во Македонија беа набавени исти такви автобуси за енормно пониска цена и  кои  што полнеа гориво на неколку дена во Битола, затоа што Прилеп немаше станица за метан,  исто така според вас е можеби „одличен проект“.

А, што се однесува до клеветите за гломазната општинска администрација, таа е господа преобемна поради вашите  партиски вработувања, во вашето четиригодишно владење со локалната власт, каде вработивте огромен број партиски луѓе на несоодветни места и со несоодветно образование што ја направија општинската администрација денеска да биде делумно неефикасна и партизирана.

Спротивно на вашето лошо практикување на власта градоначалникот Борче Јовчески раководи со Општина Прилеп одговорно и домаќински. Како што се исплаќаат сите тековни обврски и заостанати рати, се работат и проекти на подобрување на инфраструктурата и животот во Прилеп. Реконструкцијата на плоштадот кај споменикот Пеце Атанасоски, подготовка за изградба на нови катни гаражи, кружни текови, нови парковски површини, забрзано се работи на откочување на со години останати предмети во делот на легализацијата, одржување на се што беше запоставено од претходната локална власт, како и булеварски влез во Прилеп на улицата Леце Котески ( кој што почеток го кочи со месеци вашата централна власт). Исто така се воведоја субвенции за секое новородено дете во Општина Прилеп, се помагаат сите културни и спортски настани и манифестации, се вложува во образованието во училиштата и ќе продолжиме да работиме чесно и транспарентно во интерес на граѓаните на Општина Прилеп.

Ситуацијата со енергетската криза послабо се чуствуваше во 2021 година, и тоа не го забележувавте,  но се засили при крајот на годината и кулминираше на почетокот на 2022 година. Покачувањето на цените на ел.енергија, се одразуваат на рентабилното работење на локалните институциите, јавните претпријатија, училиштата, градинките  и другите институции во надлежност на општината.  Сметките за струја петкратно се зголемија , а Владата на СДСМ за жал нема слух за помош, за субвенционирање  на општините за надминување на оваа состојба. А, нивните партиски војници во општинските организации се дрзнуваат да зборуваат за трошење и нереализирани проекти. Се занимаваат  со ширење популистички информации за добивање ситни политички поени за да си ја оправдаат својата улога на постоење.

Вистината за жал ја гледаме со различни очи, но сепак таа е една – Ние настојуваме да штедиме –  а вие трошевте!

Очајните обиди на СДСМ, за дефокус на јавноста нема да им поминат. Прилепчани не забораваат така лесно на екстремно лошите политики од минатата локална власт предводена од СДСМ и имаат целосна доверба во локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески. Прилеп со сигурност ќе доживее повторна преродба со реализација на ветените проекти, посочи Петкоски.

Би можело да ве интересира

Ристески пред српските градоначалници: Транспарентноста и отчетноста е успех за локално владеење

Пела Редакција

Експедитивно одржана 43-та Седница на Советот на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе