30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Познати имињата на 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за Прилеп сеуште нема предлог

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, на која се дискутирале за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите.

Тој објави имињата на 25 кандидатите за градоначалници .

Во првите 25 нема објава на предложен кандидати за Прилеп и за пелагониски општини, освен Битола, каде кандидат за градоначалник, повторно е предложен, Тони Коњановски.

Според партијата овие 25 кандидати уживале најголема доверба меѓу граѓаните.

За Аеродром – Дејан Митески, Бутел – Дарко Костовски, Ѓорце Петров – Александар Стојкоски, Чучер Сандево – Зоран Бајовски,  Штип – Иван Јорданов,  Велес – Марко Колев, Свети Николе – Дејан Владев,  Карбинци – Виктор Паунов, Градско – Киро Нацков, Кавадарци – Митко Јанчев,  Гевгелија – Андон Сарамандов, Зелениково – Коста Маневски, Илинден – Александар Ѓоргиевски, Конче – Златко Ристов, Делчево – Иван Гоцевски, Ново Село – Ѓорге Божинов, Василево – Славе Андонов, Босилово – Ристо Манчев, Берово – Петар Ружински, Петровец – Борче Митевски, Битола – Тони Коњановски, Охрид – Кирил Пецаков, Вевчани – Спасе Кочовски, Брвеница – Јовица Илиевски и Јегуновце – Димитар Костадиновски.

Би можело да ве интересира

Денот на македонската револуционерна борба ВМРО – ДПМНЕ ја прослави во Прилеп со „Разговори за обнова за Македонија“

ЛЕВИЦА ТВРДИ: „СРАБОТИЛЕ ИЛИ НЕ, ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ РЕДОВНО ГИ ПРОКНИЖУВААТ И ГИ НАРАСНУВААТ СО СЕКОЈ ИЗМИНАТ КВАРТАЛ„

МЕМОРАНДУМ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ упати MAAK до О.К./ограноци во Општина Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе