1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Над 50 учесници од Македонија, Србија и Косово на едриличарскиот камп на прилепскиот аеродром

Изминатиов викенд Спортскиот аеродром во Прилеп беше домаќин на меѓународниот едриличарски камп на кој учествуваа повеќе од 50 учесници од Македонија, Србија и Косово. Кампот е дел од проектот “Bird’s Perspective from Balkan Clean Sky” финансиски поддржан од Western Balkans Fund, а го организираше Параглајдерскиот клуб Sky Riders Prilep заедно со партнерите Fly Dardania Prishtina, Aero club Nasha Krila Paracin и Center for innovation and development Inos Prilep.

Првиот ден од кампот беше посветен на едукативни часови за придобивките од спортот и едриличарството. Учесниците имаа можност да се запознаат со историјата на едриличарството, видовите едрилици, начините на полетување, како и метеорологијата која е многу важна при летањето со едрилици. Искусните пилоти од земјата (Никола Иваноски, Метотка Стојанов, Васко Михалчев, Ѓорѓи Манчески и Димко Спиркоски) ги раскажаа своите едриличарски приказни пред идните млади едриличари. Дополнително се разговараше и за аеро загадувањето како еден голем проблем на земјите од Западен Балкан.

На вториот ден од кампот со информативна прошетка низ хангарот и аеродромот, учесниците имаа можност низ фотографии и видеа да се запознаат со историјата на едриличарството во Македонија, како и да се запознаат со едрилиците. Сите учесници на кампот имаа можност да летаат со едрилица заедно со пилотите. Покрај информативните летови, пилотите демонстрираа и акробатски летови со едрилици, а на настанот се збогати и со летови на Модели на радио контрола.

Третиот ден на едриличарите им се придружија и воздухоплови од останатите аеро клубови во земјата (Аеро клуб Штип, Аеро клуб Битола, Аеро клуб Скопје и Rimin Air Штип) на Аеро збиранката организирана од Аеро клуб Прилеп. Настанот беше од отворен тип и привлече внимание на многу посетители. Свој перформанс имаа и падобранците од Аеро клубот Наша Крила од Параќин со неколку падобрански скокови.

Настанот беше затворен со доделување на сертификати на учесниците и плакети и благодарници на сите оние кои го поддржаа истиот. Плановите на организаторот се и во иднина да продолжат со органзиација на вакви настани како и да отворат Едриличарска школа на која ќе се обучуваат идните едриличари.

 

Би можело да ве интересира

Вандалистичкиот чин на британскиот „инфлуенсер„ на црквата „Св.Георгиј“ на Плетвар осуден од МПЦ

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Станкоски: откупните компании да не манипулираат со тутунарите со нелегитимни известувања

Гордана Цветаноска

СЕВЕРЕНА или Северна – уверенијата за пратениците со „ново име“ на државата?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе