11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп обвинуваат за партиски вработувања

Прес конференција денеска одржа Стефани Стојаноска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на тема партиски вработувања, и најави дека и во наредниот период ќе следат слични прес конференции за како што рече – обелоденување на партиските вработувања. Ја објавуваме во целост:

Во текот на вчерашниот ден, директорот на ЈКП Комуналец, објави невиден скандал, кој потекнува од време на владеењето на СДСМ во Прилеп за кој скандал ќе треба да се позанимаваат и органите на прогон, а вакви работи  ќе обелоденуваме и во иднина.

Денес како што најавивме претходно, продолжуваме со серијата прес конференции кои се поврзани со обелоденување и на партиски вработувања од времето на СДСМ во Прилеп. Koга сме кај вработувања во време на СДСМ, нека одговорат пред јавноста, кога и на каков начин е вработена снаата за брат на Горан Сугарески несудениот градоначалник на Прилеп, во Фондот за здравствено осигурување подрчна служба Прилеп или пак сестрата на сопругата од директорот на Тутунски Комбинат, Киро Станкоски, во Тутунски Комбинат? Јавноста нека биде запознаена и со вработувањето на свеската на Горан Сугарески, Сања, исто така во Тутунскиот Комбинат. Во една од минатите прес конференции спомнавме дека листата за ЈКП Водовод и Канализација Прилеп е огромна, што е невозможно во само еден прес, да се обелоденат сите имиња. Потсетуваме дека за само за 4 години во периодот додека кадар на СДСМ раководеше со претпријатието, нововработени се 69 лица, замислете дури 69 лица, бројка која е блиску до половина од вкупниот број на вработени кои биле во ова претпријатие.  Дополнителениот трошок за плати со овие вработувања изнесува речиси 2 милиони денари месечно. Па така дел од позвучните имиња кои важат или некогаш важеа за партиски активисти  истакнати членови или за лица блиски до партиски функционери се: Борис Стевананџија (сопруг на поранешната директорка на ООУ Кире Гаврилоски Прилеп), Никола Багески (поранешен советник во Општина Прилеп од редот на СДСМ), Мери Цветаноска (некогашна директорка на ЈП за ПУП во чие време се набавија 4-те автобуси за сума од 1 милион евра). Други позвучни имиња се Митреска Мери, Кимоска Елена, Јованоски Ѓорѓи, Глушеска Снежана, Јосифоски Панче, Стојчески Златко, Алиоски Сафет, Коруноска Снежана, Алексоска Соња, Стеваноска Менче, Трајкоска Анѓа, Спиркоска Матилда, Спасески Николче, Симоноски Владимир, Тоскоска Наде, Дамјаноски Михајло, Цуцулеска Даниела и уште многу други. Нека не ни замеруваат останатите кои не се спомнати, бидејќи ветуваме дека ќе има и наредни прилики, затоа што списокот е долг.

Почитувани, СДСМ на локално ниво се минато. После пораз од 7500 гласа разлика, наместо да се преиспитаат каде згрешиле и зошто прилепчани ги казнија така катастрофално, глумат како да имаат изгубено осет со реалност. А реалноста е токму оваа, на која ќе ги потсетуваме во наредните прес конференции, за да знаат зошто во догледно време не само што нема да бидат локална власт, туку ќе ја изгубат и централната, посочи Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Талевски: Прилеп им кажа НЕ на насилниците, инсталациите на Груевски се поразени од граѓаните на Градот Херој

Елизабета Филипоска

Петреска од ОК ВМРО-ДПМНЕ :Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм

Елизабета Филипоска

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе