27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Неповторлива можност и Вие да играте во филм

Еве, една одлична можност за оние кои имале желба ,а немале можност да бидат дел од филмските сцени. Годините не се важни, ниту полот или изгледот, ниту возраста, ниту актерските знаења и предзнаења. Ова е само неповторлива можност за храбрите, одлучните и оние со авантуристички дух да играа во новата турска серија која ќе се снима во Пелагонија, во која ќе играат и познати турски ТВ актери.
Имено, во периодот од 10-ти октомври до 5-ти ноември во Битола, Ресен и околината ќе се снима ТВ серијал – „Ататурк„ во копродукција со Disney + каналот.
Поради тоа продукциската компанијна „Гужва и Сектор филм „   бара поголем број на статисти,  од сите возрасти, за потребите на серијалот.
И, токму ова е несекојдневна шанса да „ве има на филм“, да пробате облека што се носела на крајот на 19 век, да ја почувствувате магијата “зад камерите“ и секако,  да заработите некој денар,бидјеќи следат и хонорари.
Аудициите ќе се оддржуваат од 10,оо до 18,оо часот и тоа:
– на 09.09 во Прилеп во Центарот за култура „Марко Цепенков“
– на 10.09 во Ресен во КУД „Кардеслик“ позади Домот на културата
– на 11.09 во Битола во Центарот за култура
Аудицијата ќе се состои само од фотографирање и не се потребни никакви подготовки, информираат од Гужва и Сектор филм.

Би можело да ве интересира

Прилепските лозари го одбележаа Св. Трифун, Денот на лозарите, ден кога се сретнуваат зимата и пролетта.

„Дури и глувците одат во рајот“-утре на пладне во кино Мис Стон

Пела Редакција

„Седумте архангели“ изложба од уметникот Малбашиќ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе