16.4 C
Прилеп
среда, 3 јуни, 2026
Пела Радио

Јубилеј со кој се гордее Прилеп – 75 години од постоењето на КУД Мирче Ацев (ВИДЕО)

КУД Мирче Ацев е едно од најстарите во Македонија, кое грижливо ја чува традицијата на изворниот фолклор. В петок на 9 ти септември 0д 19 и 30 ч. со изложба и презентација, дефиле и сабота на 10 ти, со концерт од 19 и 30 ч. друштвото ќе го одбележи јубилејот. Неговите почетоци се во април 1947 година, а во досегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото одржале повеќе од 3.500 концерти, не само во Прилеп и Македонија, туку и во странство. КУД Мирче Ацев преку богата програма со гостување на КУД „Змај“ од градот Ириг од Србија и Октетот Прилеп, ќе стави уште еден белег на своето 75 годишно постоење, рече за Радио Пела, Горан Василески, фолклорист и претседател на КУД Мирче Ацев Прилеп.

Би можело да ве интересира

Започна собирaњето предлози за доделување 3-то Ноемвриски награди и признанија

Пела Редакција

„Секој заслужува втора шанса“ промотивно видео во продукција на Радио Пела за проектот “Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица”

СЕ СОЗДАВА НОВО МЕСТО ЗА ДЕТСКА ИГРА И ЗАБАВА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе