7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Првите македонски пари наречени „статери„ испечатени во прилепската печатница „11-ти Октомври“

РИМСКИОТ ДЕНАР кој денес го употребуваме немаше да постои,  односно на негово место требаше да се воведе МАКЕДОНСКИОТ СТАТЕР по осамостојувањето на Република Макеоднија . Но, заошто „изумре„ статерот?!

СТОРИЈА ПО ПОВОД 31 ГОДИНА ОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Тука во градот на не покорот, Прилеп, се испечатија првите македонски пари т.н „стартери“ кои потоа се именуваа во денари. Но, првите македонски пари, првата македонска валута, се „роди„ во Прилеп, во печатницата „11-ти Октомври„.  Една банкнота од 10 пари т.н „статери„ ја доби првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, која, кога му ја подарив, ја бакна бакнотата и посака да ни биде вечна! “– гордо раскажува за овој момент првиот прилепски претседател на тогашното Собрание на Општина Прилеп, односно првиот градоначалник  на Прилеп,  , г-нот Илија Димоски Шаторо, во програмата на Радио Пела, по повод 8 ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

Првите македонски пари (ги викале само пари, оти се’ уште немале име) се печателе во најголема тајност во прилепската печатница. И специјалната хартија што била пренесена од Фабриката за хартија во Радече, од Пула, преку Драч, во земјава се транспортирала со брод во најголема тајност.  Сите се плашеле да не излезе во јавноста информацијата дека Македонија се подготвува, по политичкото осамостојување, и за монетарно осамостојување,  иако тоа се насетувало и очекувало. Кај членовите на работната група за монетарно осамостојување,  академик Ксенте Богоев, министерот за финансии Методија Тошевски,  гувернерот Борко Станоевски и заменик-гувернерот Томе Неновски и Љубе Трпески постоела јасна визија дека воведувањето на македонска валута е единствено и исправно решение.


Поради чувствителноста на прашањето на дизајнот на парите и краткото време, била донесена одлука сите вредносни бонови да се со ист дизајн, а да се разликуваат само по боите. На дизајнот работело едно момче од печатницата во Прилеп. Тој имал само една недела да ги осмисли. Првите бонови биле во апоени од 10 денари, 25, 50, 100, 500 и 1.000 денари, подоцна се отпечатени и две нови банкноти од 5.000 и 10.000 единици.  Работна група решила основен мотив на лицето на боновите да биде споменикот „Илинден“  во Крушево, како израз на вековната борба на граѓаните на Македонија за живот во мир и слобода.  На опачината, биле прикажани тутуноберачите.

„На 15 јануари 1992 година во печатницата во Прилеп ’11 Октомври‘ се’ беше готово да се почне со печатење на првите македонски пари во вид на вредносни бонови. Тоа требаше да се реализира на машина најсоодветна за тоа, со која работеа двајца работници, брачен пар. Во салата се чувствуваше свечена атмосфера и тишина. Кога беа направени сите подготовки, нумераторот на машината поставен на нула, а обичната хартија заменета со специјална, околу 11 часот почна печатењето. Кога го видов првиот табак со лицето на 24 банкноти, почувствував како очите ми се полнат со солзи. Со намера да ја скријам својата слабост, се свртев кон прозорецот, бришејќи си ги незабележливо очите. Кога малку се созедов, се завртев повторно кон машината која непрекинато го печатеше лицето на банкнотата, по 24 примероци на секој табак, видов дека и очите на брачните сопружници што работеа на машината беа полни со солзи. И не само нивните, солзи радосници имаше на очите на сите што беа сведоци во тој миг на овој историски чин кога почна печатењето на првите македонски пари“. Вака напишал во своја статија Борко Станоевски, првот гувернер на Народна банка на Македонија.

Со Законот за парична единица Македонија добива своја валута и имам задоволство да ви покажам како таа изгледа. Нека ни е честито“, изјави тогашниот премиер Никола Кљусев на говорницата во Собранието на 26 април 1992 година кога пратениците ги усвоија Законот за Народна банка на Македонија, Законот за парична единица и за нејзина употреба. До ден-денес ова е една од најпрепознатливите слики, сведок за монетарното осамостојување на Македонија. На 27 април веднаш започна замената на ЈУ-динарите со македонскиот денар во сооднос 1-1 и заврши успешно во предвидениот рок од три дена.

 

За името на првите македонски пари еден од македонските политичари го предлагал името „лав“, кое поради немањето историска основа не било сериозно прифатено. Работниот назив додека се подготвувала целата операција била „Македонски динар“. Неколку дена пред собраниската седница, академик Петар Хр. Илиевски го дал конечниот предлог и станува кум на денарот.

„Во времето кога Словените се населиле на Балканскиот Полуостров, Македонија била римска провинција и се употребувале римски пари. Основен назив на тие монети бил „денариус“, латински збор изведен од дистрибутивниот број „дени“ по дест и „декм“, сесловенски збор за десет. Називот „денариус“ продолжив да се употребува. Следејќи ја традицијата во употребата на назив на пари, има резон да се задржи едната или другата форма де/инар. Сметам дека денар повеќе одговара“, вака напишал академик Илиевски во своето образложение за предлогот на името на македонските пари, кое го доставил до надлежните институции.

Откако бил усвоен предлогот и од премиерот Кљусев, Илиевски и официјално станал кум на првите македонски пари.

Преземена делови од: https://forum.kajgana.com/

Би можело да ве интересира

Протестна нота од Бугарија за заменет споменик во црквата во с.Клепач

Гордана Цветаноска

Во Прилеп 27 ковид новорегистрирани

Гордана Цветаноска

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(14)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе