11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Еден гол, ама вреден за 3 бода

Победа стигна до првиот прволигашки триумф есенва, со 1:0 над штипска Брегалница. Победоносниот гол е дело на капитенот Бојан Спиркоски во 67. минута. Беше опасен атак на прилепскиот тим, каде во завршницата ударот на Нигериецот Губам Амос Дадет беше одбиен, а потоа Спиркоски, кој се најде на вистинското место, топката ја испрати во мрежата на Црногорецот Немања Шкекиќ. Победа иако до пред овој меч имаше само еден бод, на трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп дојдоа околу 3000 гледачи, кои цело време не штедеа грла и ги бодреа своите миленици. На еден дел од новата трибина имаше и навивачи од Штип. Всушност, овој меч заслужи многу публика затоа што се играше отворено од двете страни, со стремеж за трите бода. Имаше шанси пред двата гола. Кога беше најпотребно, со интервенции се истакна домашниот голман Дарко Тофилоски. Тој е меѓу најзаслужните за триумфот, триумф кој предизвика ерупција, воодушевување. Домашните навивачи долго време не го напуштаа стадионот, се радуваа на успехот.

Еве ги составите од овој меч, кој го судеше Александар Ставрев од Скопје.

ПОБЕДА: Тофилоски, Хани, Делов, Рамани, Спиркоски (68. Тодороски), Мазари, Дадет, Галевски (85. Аризанкоски), Џејмс (77. М. Наумоски), Ѓурковиќ, Тодоров. Тренер: Бобан Бабунски.

БРЕГАЛНИЦА: Шкекиќ, Коцев, Ѓорѓиев, Николов, Додев, Касми (64. Ѓокиќ), Херера, Алтипармаковски (84. Кудев), Хаџановиќ (78. Димитриевски), Силјановски, Ристевски. Тренер: Илчо Ѓорѓиоски.

Извор:www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Деспина почна без Гичева и Боризоска

Гордана Цветаноска

Крчмаревиќ го презеде кормилото во стручниот штаб на Победа

Цвајта: Кога прилепчанец навива на дербито во Втората германска лига ( ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе