16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) ШК Прилеп со феноменален успех – вицешампиони на Македонија!

  Шаховскиот клуб Прилеп оствари најголем успех од осамостојувањето на Македонија освојувајќи го второто место во екипна конкуренција на Државното првенство кое се одржа во Струга. Изминативе 3 децении прилепските шахисти на државните првенства освојувале највисоко трето место, но никогаш не успеале да ја достигнат вицешампионската титула. Ова е феноменален успех на прилепските шахисти кои настапија во состав: Тони Кироски, Бобан Богосављевиќ, Никола Седлак, Мирослав Миљковиќ, Дејан Стојаноски, Славе Трајкоски и Кире Николоски.

Според Тони Кироски успехот се должи на воиграноста, сплотеноста и екипната желба за надигрување и докажување со противниците: “Досега на државните првенства сме биле најпозитивни и најсплотени, а за тоа многу помогнаа турнирите кои што се одржуваа во Прилеп, со што се одржува кондиција и позитивна енергија кај екипата.“

 

(ШК) Алкалоид ја освои титулата во машка, додека шахистките од МШК Центар беа најуспешни во женска конкуренција.

Конечен пласман:Мажи – ШК Алкалоид, ШК Прилеп, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Куманово, ШК Гостивар, ШК Ан Пасан, ШК Фишер, ШК Стево Патако.

Жени – МШК Центар, ШК Алкалоид, ГШК Куманово, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Неготино, ШК Стево Патако, ШК Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Победа ја оправда улогата на фаворит

РАКОМЕТ БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК ПОЧНУВА ОД СКОПЈЕ

ЗАЕДНО ЗА ПОБЕДА : Прилепчани ајде сите на градски за Победа , за својот клуб , за своите црвено бели (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе