-0.8 C
Прилеп
недела, 5 јануари, 2025
Пела Радио

Прилепската архитектурата и природа низ призмата на уметникот Филип Јовески

Насловена како  „Боите на мојот град“, самостојна изложба на Филип Јовески, која синоќа беше поставена во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“,  предизивка огрома љупобитност кај прилепската публика која, разгледувајќи ги делата изработени во акрил, сув пастел и дигитална техника,  уживаa во секоја слика, во секоја исцртана линија, во секој насликан детаљ.

Интересот беше уште поголем што цртежите  во комбинирана техника, претставени значајни објекти, градски визури и пејзажи од градот Прилеп.

Меѓу делата се најда слики од куќата на  Бектеш,  слики од Марковите кули, Могилата на непобедените, прилепската стара чаршија со Саат кулата, која е постојана инспирација на прилепските уметници,  црквата Св.Преображение , една од најубавите и најстарите храмови во Прилеп со невообичаења архитектура, т.н  грчка црква,  манастирот Св.Архангел Михаил во прилепската населба Варош, панорама на Прилеп ..

Младиот ументик Филип Јовески на својат самостојна прва изложба со наслов “Боите на мојот град” се престави со  12 свои дела,а изложбата може да се погледе во наредните 7 дена.

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и
сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.

Пишува: Христијан Анегелески (наш млад соработник) 

Би можело да ве интересира

Пет Владици ќе ја одржат богослужбата на денот на „Три Светители, патрониот празник на бакалскиот еснаф во Прилеп

Елизабета Филипоска

Перото на македонските автори за деца во нашата училница

Пела Редакција

Се’ е подготвено за детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе