16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Саем на винили (носач на звук) пред Саатот за интересна урбана дружба

В недела  (31.08  2025 од 11-17 часот), во Прилеп ќе се одржи третиот саем на винили (носач на звук), цд-иња, касети, накит и многу други работи поврзани со музика.
За време на настанот вљубениците на музиката и сите граѓани ќе имаат можност да се запознат и да купуваат носачи на звук/разни предмет/ од излагачи и колекционери од Македонија и Србија.

“ Она по што се препознатливи настаните кај Саатот, нема да изостане и овој пат, односно, истовремено ве покануваме и на забава за која ќе се погрижат потврдените учесници Dj Koko, Dj Simeon Lotti, Dj Geto Rud, како и Менде Кец со својот експериментален настап. Настанот ќе одржи во просторот околу градската Саат-кула од 11 до 17 часот.“ велат органзиаторите Јавен Простор Прилеп и Винтер Априкотс.

„А , за настанот да биде комплетен, вечерта, секако дека ќе бидете поканети на кино и музика од 20:30 часот“-  вели иницинаторот на целиот овој необичен културен настан, Блаже Томески.

Oд 20:30 часот ќе се одржи последниот августовски настан од циклусот „Музика и филм кај Саатот“, каде повторно ,како и на 17 август, ќе има заедничко дружење, забава и танцување . Во текот на вечерта, на градската Саат-кула ќе бидат прикажани серија на култни музички видео-спотови од 90те години на минатиот век, избор кој не ја облежува само музичката историја, туку има и влијание врз културолошко-естетскиот развој на светот и уметноста. Од 21:30 часот следува диџејски сет на едно од најпрепознатливите градски лица, односно ДиЏеј Биџо, којшто ќе ја проследи и збогати споменатата естетика и период со стари и нови светски и регионални звуци и рефрени, а организаторите најавуваат и дополнителни изненадувања.

Настанот е во организација на Јавен Простор Прилеп и Винтер Априкотс, помогнат од кафа Чоше, Кафе Носталгија и Општина Прилеп, со поддршката на Љупчо Кузманоски.

Би можело да ве интересира

Микросам одбележа 35 години од постоење и 16 години од Институтот за современи композити и роботика

Пела Редакција

Игор Николоски именуван за заменик градоначалник на Општина Прилеп

Прилепска пиварница воведува иновација за подобра заштита на животната средина

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе