15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

РК Прилеп „потопен“ од Вардар

Вардар без проблеми прокнижи 10 та победа на домашен терен во салата Јане Сандански во Скопје со тимот на Прилеп. Домашните ракометари очекувано го добија првото полувреме со 19:13. Со леснотија и со двоцифрена предност која на моменти достигна плус 15, за текот на мечот говори и крајниот резултат. Вардар победи  41:27 во меч во кој не обрнуваше премногу внимание и на одбрана. Чувара беше најдобар поединец на теренот со девет постигнати гола, додека по пет во домашниот тим постигнаа Савревски и Лазаревски. Кај поразениот тим, најефикасен беше Бикоски со шест погодоци.

Би можело да ве интересира

Незгодната Полска е последна пречка пред пласман на мундијалот за македонските ракометарки (ФОТО)

“Ја сакам Победа од срце”, вели тетовчанецот Ристовски

Прилепските млади џудисти со голем број освоени медали од првенството во Кавадарци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе