7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЗА РАДИО ПЕЛА : Гарантирано одлична забава на концертот за 20 годинишниот јубилеј на дуото ДНК (ВИДЕО + ФОТО )

Речиси се е подготвено за големиот концерт на едни од најпознатите музички имиња во земјава , популарното дуо ДНК.Концертот е закажан на 3-ти  декември во спортскиот центар “Борис Трајкоски“.Поводот е и тоа како значаен, дваесет години музичка кариера , дваесет години заедно со своите фанови и публика , исто толку години на многу испеани хитови кои ги слушаат сите генерации.“РОМАНИ” е нивниот нов и последен сингл, со кој го затвориа албумот насловен “ДВАЕСЕТ”. Дел од средствата од продадените билети ќе бидат наменети за хуманитарни цели и доделени на фондацијата “Марко Божиновски”

Во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  ни гостуваше Андреј , кој со многу возбуда и очекување на оваа јубилејна манифестација ни раскажа за сите реализирани музички хитови заедно со Панчо , за нивното  музичко доживување на македонската сцена и за тоа како на овој концерт ќе се случат многу многу изненадувања и меѓусебно дружење.

За големиот јубилеј – 20 години музичка кариера на познатото македонско дуо – ДНК –  честитки од тимот на Радио Пела , и сите на концерт.

 

Би можело да ве интересира

Вистински прилепски филиграни Славчо Бунте и Блаже Даскало

Гордана Цветаноска

Уживајте во магијата на новата песна на Brass Brothers! (ВИДЕО)

Пела Редакција

(ВИДЕО) Манастир Света Богородица Пречиста Кичевска – Кичево, уникатно видео доживување

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе