16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Боемски звук и хитовски ритам – Само на добро нека е вистинско музичко освежување во македонскиот етер (ВИДЕО + ФОТО)

Боемски звук , хитовски ритам , испеана од срце и со многу љубов кон музиката.Прилепчанецот Филип Николоски пласираше нов негов музички хит кој со сигурност ќе биде дел од секоја веселба  , од секоја забава…..Зошто ? Затоа што песната е испеана од нашиот Филип , кој во отворената програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  рече дека од досега трите негови авторски песни оваа му е на срце и верува дека САМО НА ДОБРО НЕКА Е  ќе биде песна и видео запис по кој ќе го препознаваат насекаде.

Филип се надева дека ќе продолжи во ист ритам да се надоградува себеси но во исто време и да го комплетира неговиот албум а како што самиот рече при гостувањето ќе му биде мило и драго да се претстави пред својата публика со негов АЛБУМ  а здравје боже и концерт.

Во продолжение и разговорот со Филип Николоски , секогаш позитивен , насмеан и со голема љубов кон она што го работи , а тоа е музиката.Секако Радио Пела му посакува многу успеси во неговата музичка кариера.

 

Би можело да ве интересира

Нешто за симптомите на вирусот и улогата на матичниот лекар за време на КОВИД 19 – ПЗУ Лек М&M

ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКАТА ФОЛК ЕСТРАДА : Јордан Митев : Прилепската публика е посебна (ВИДЕО + ФОТО)

70 години списание „Стремеж“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе