Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Прилеп го одбележува со низа настани со цел да се посвети дополнително внимание на нашите сограѓани, на кои им е потребна поддршка и помош за подобра вклученост во секојдневните активности. При тоа, во Дневниот Центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ заедно со децата од Дневниот Центар за деца со церебрална парализа – Прилеп, приредија пригодна програма пред присутните гости.
На одбележувањето присуствуваа претставници од Општина Прилеп, од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, претставници од здруженија, родители и гости.
Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 ти декември е повод да се проговори, но и да се иницира дали државните и локалните институции прават доволно за лицата со инвалидитет. Новоформираното здружение за помош на лица со посебни потреби „Избрани од Бога“, упати низа барања до институциите чија основна цел е грижа за подобра вклученост на оние кои се често пати се маргинирализирани, и со недоволна помош за обавување на секојдневните егзистенционални потреби. Горан Камчески, претседател на ова здружение вели дека помошта од државата за децата со попреченост не е доволна ниту за неопходните лекарства. Изјавата ја пренесуваме во целост:
Во рамките на одбележувањето на 3-ти Декември, во понеделник со свои активности ќе го одбележи и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Прилеп, чија основна цел е севкупна општествена грижа и третман на лица со интелектуална попреченост на територијата на општина Прилеп и остварување и заштита на нивните општествени, социјални и економски права