25.3 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот во овој регион и ставање на с. Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам.

„Очекуваме гости и посетители од цела Македонија кои се вљубеници на екстремните спортови и природата,“ рече Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод Ристески и ги покани сите љубители на природата, сите авантуристи, љубители на Поречието, да го доживеат фестивалот „Самоков екстрим“.

Организатори на Фестивалот и годинава се Општина Македонски Брод и Форум за авангардна креативност

Ова е дводневната програма:

   Сабота 06.06.2026 година
09.00 ч – 12.00 ч пристигнување на учесниците и формирање на кампот каде ќе престојуваат
12.00 ч – 14.00 ч регистрација на учесниците и подигнување на стартните пакети
14.00 ч – 19.00 ч
Активност за учесниците со ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА (џипови) на релација: Самоков – Бачилиште – Илино – Бенче – Самоков.
Активност за учесниците со МОТОКРОС и АТВ возила на релација: Самоков – Ковач – Добра вода – црква „Св.Никола“ – над с.Битово – Самоков.
20.30 ч Концет на КУД „7-ми Септември“ – Македонски брод
23.30 ч Повечерје
           Недела 07.06.2026 година
09.30 ч поздравен говор на Градоначалникот на Македонски Брод Г-дин Жарко Ристески
09.45 ч старт на планинарската тура
10.00 ч заеднички старт на учесниците во дисциплините МОТОКРОС и АТВ
Активност за учесниците со ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА (џипови) на релација: Требовље – Фојник – Брест – Рамне – Самоков.
Активност на учесниците со АТВ возила и мотокрос на релација : Самоков – Бачилиште – Илино – Бенче – Самоков.

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепскиот млад музичар со прекрасна харизма и прва песна „Тебе те нема„ ја освојува публиката

Прилепското вештачко езеро „жедно“ прибира вода

Денеска Велики Петок-Утре Благоец, а Прилепчани со духот на верата и традицијата!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе