ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новогодишна програма за дочек на 2023 та година на плоштадот Ченто

255

Со детска дневна програма на 31 декември, во 11:00 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ ќе започне новогодишниот заеднички дочек во организација на Општина Прилеп.

Дневната програма е наменета за најмладите, кои најпрвин ќе ја проследат театарската претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо“ а потоа ќе играат и пеат со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“.

Вечерната новогодишна програма започнува во 21:30 часот со настапот на прилепскиот DJ, Dejan Pete, потоа во 22:30 на бината ќе се појават членовите на групата „Балканика“, а во 23:30 ќе започни настапот на прилепскиот рок бенд „The Hounds“.

Точно на полноќ, после огнометот, градоначалникот Борче Јовчески на своите сограѓани ќе им ја честита Новата 2023 година, а музичката програма ќе продолжи.
Локалната самоуправа на општина Прилеп ветува одлична забава и дочек на новата 2023 година и ги поканува сите наши сограѓани да ја проследат предвидената новогодишна програма, информираат од Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: