7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(21)

Пишува Зоран Момироски

  • ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА, БИ И ПОМИНА. ОД ЛУДАТА И НАЈВЕСЕЛА НОЌ ВО ГОДИНАТА ОСТАНА САМО ЛУДОСТА ШТО ЈА ЧУВСТВУВААТ СИТЕ ОД ОВА ЛУДО ВРЕМЕ НЕВРЕМЕ, КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ВРЗ ДОМАШНИОТ БУЏЕТ И ПРОДЛАБОЧЕНИТЕ РАЗЛИКИ МЕЃУ ОНИЕ ШТО ЛУДУВААТ СО МНОГУ ПАРИ И ОНИЕ КОИ ЛУДУВААТ ЗА ОПСТАНОК. ВО ВАКВА ЛУДА АТМОСФЕРА ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА ОПШТИНСКИОТ  БУЏЕТ ИЗЛЕГУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОВ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ И ВО ЛУДА ПРЕДНОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА РАФАЛНО ГИ НАПАДНА ЛУДИТЕ СОВЕТНИЦИ  НА СДСМ ДЕКА НЕ ГЛАСАЛЕ ЗА НОВИОТ БУЏЕТ. А ВО СУШНОСТ ПРОДАНОСКИ БЕШЕ ЕПТЕН ЛУТ НА ТЕСНОТО МНОЗИНСТВО ОД СВОЈАТА МАТИЧНА ПАРТИЈА , БИДЕЈЌИ НЕКОИ ОД СОВЕТНИЦИТЕ ВО ,,ИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ“ СИ ЗАМИНАЛЕ НА НОВОГОДИШНО ПРАЗНУВАЊЕ ВО АТИНА, ДРУГИ ПОРАДИ УЧЕСТВО НА СЕМИНАРИ, ТРЕТИ ПАК ПОРАДИ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ НЕ БЕА ВО МОЖНОСТ ДА ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС „ЗА“. А , ЛЕВИЦА ГЛАСАА ПРОТИВ. НА КРАЈОТ ОД ИЗЈАВАТА, НАЈВЕРОЈАТНО ОД ЛУДАТА АТМОСФЕРА ВО СКОРО ЛУДА ДЕКОНЦЕНТРАЦИЈА НЕЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО ТОЈ ВЕЛИ: МОРА СО ЖАЛЕЊЕ ДА КАЖАМ ЗА ЕДНА НЕ МНОГУ ПОПУЛАРНА МЕРКА ЗА ГРАЃАНИТЕ, А ЈА ДОНЕСОВМЕ, ОДНОСНО ИЗГЛАСАВМЕ ОДЛУКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА ЈАВНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ПОЗНАВАЧИ НА СОСТОЈБИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ДЕКИО ЕПТЕН МНОГУ ЈА ЗГРЕШИЛ РАБОТАТА. ВАКВА ОДЛУКА СОВЕТОТ НЕМА ДОНЕСЕНО. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ЗГОЛЕМЕНАТА КОМУНАЛНАТА ТАКСА НЕ Е КОМУНАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ!!! СО ОВАА ОДЛУКА СЕ ЗГОЛЕМУВА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ШТО ЈА ПЛАЌААТ  УГОСТИТЕЛИТЕ. ОТКАКО ЈА ОДБИВ ОВАА  ОДЛУКА НАПИШАНА И ПОТПИШАНА, ГО РАЗБРАВ ПРОДАНОСКИ ШТО САКА ДА КАЖЕ. ЈА ИГНОРИРАВ НЕГОВАТА ИЗЈАВА, МИ ОЛЕСНА НА ДУШАВА. И, СИ ВЕЛАМ ДОБРО БЕ ЛУЃЕ ДАЛИ ТОЛКУ ВИ УДРИ СЛАВАТА ВО ГЛАВАТА ОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАСТ, ПА НЕ ЗНАЕТЕ ШТО ВЕТУВАТЕ, ШТО ЛАЖЕТЕ, ШТО ОДЛУКИ НОСИТЕ, И КАКВИ ИЗЈАВИ ЗА ЈАВНОСТА ДАВАТЕ.
  • ЕДИНСТВЕНА ВПЕЧАТЛИВА СТАВКА ВО НОВИОТ БУЏЕТ  Е ОНАА СО 230.000 ЕВРА ЗА ВРЕМЕНО АНГАЖИРАНИ АДМИИСТРАТИВЦИ. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ТОКМУ СО ОВИЕ  ПАРИ И ГОДИНАВА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЌЕ ЈА ОДРЖУВА, ЌЕ ЈА ПЛАЌА И ЗАСИЛУВА НЕГОВАТА ПАРАЛЕЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА, ОД КОЈА СЕ ИРИТИРААТ СЛУЖБЕНИЦИТЕ ВО ОПШТИНАТА.  СО ОВАА СТАВКА  ДОПОЛНИТЕЛНО СЕ ВЛОШУВААТ ВНАТРЕШНИТЕ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ. БИДЕЈЌИ НАЈПРИВИЛЕГИРАНА И НАЈПЛАТЕНА Е ОНАА НА ЈОВЧЕСКИ. ПА ПОТОА ДОЃААТ ЛУЃЕТО ШТО ОСТАНАА ОД ПРЕТХОДНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ, А НАЈМАЛКУ СЕ  ЦЕНЕТИ ПОЧИТУВАНИ И ПЛАТЕНИ ОНИЕ КОИ ГИ ВРАБОТИ МАРЈАН РИСТЕСКИ. ТАА ПОДЕЛЕНОСТ И РАЗЛИКАТА ВО ПЛАТИТЕ СОЗДАВА КАЈ МНОЗИНСТВОТО ТИВОК ОТПОР И НЕЗАДОВОЛСТВО. И ЗАСЕГА СЕ РАБОТИТЕ ЗА КОИ МНОГУМИНА МУДРО МОЛЧАТ . НО ТАА МЕЃУСЕБНА НЕТРПЕЛИВОСТ ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА ТРИ ДЕНА НА ПРЕДНОВОГОДИШНАТА  ПРОСЛАВА НА ОПШТИНАРИТЕ  ВО ПОРТА. ЗА ДА НЕ ДОЈДЕ ДО ЕСКАЛАЦИЈА НА СИТУАЦИЈАТА СО МОЖНОСТ ОД  СЕРИОЗНА ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ВО МИРОЉУБИВА МИСИЈА СЕ ВКЛУЧИЛ ВИСОК ЕКС ФУНКЦИОНЕР ОД СДСМ. И ЗА ОВАА СИТУАЦИЈА ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА  ЗАСЕГА ,,МУВА НЕ ГО ЛАЗИ“ АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ.

 

  • КОНЕЧНО НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И РАКОВОДСТВОТО НА БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП ГИ ЗАКОПАА ,,ПАРТИСКИТЕ“ СЕКИРИ. ЛАНИ ЕДНИ ОД ДРУГИ СЕ КРИЕА И БЕГАА. ДОДЕКА НАРОДОТ СЛАВЕШЕ И ПРОСЛАВУВАШЕ ТИЕ ВО КРУГОТ НА БОЛНИЦАТА СИ ИГРАА ,,МИЖИТАТАРА“. АМА ГОДИНАВА ГИ УСОГЛАСИЈА АГЕНДИТЕ И ЗАЕДНО ГО ПОСЕТИЈА ГИНЕКОЛОШКО АКУШЕРСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА  И ЈА ПОСЕТИЈА РОДИЛКАТА И НОВОРОДЕНЧЕТО. ЗНАЕВ, АМА ИСКРЕНО НЕ ЗНАЕВ ДЕКА ОВОЈ НАШ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ТИ БИЛ ТОЛКУ БОГАТ. БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДИРЕКТОРКАТА НА БОЛНИЦАТА И НА ДЕЖУРНИОТ ГИНЕКОЛОГ КОЈ МОРАШЕ ДА ЈА ЧЕКА ГРАДСКАТА ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ДО 12 ЧАСОТ НА ПЛАДНЕ НА ПРВИ ЈАНУАРИ ГО РАЗБРАВ ТОА НАШЕ БОГАТСТВОНА ЈАЗИКОТ И ГОВОРОТ:

 

  • ВО ИЗЈАВАТА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГИ ДАВА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ПОДАРОЦИ И НАГРАДАТА ОД 15.000 ДЕНАРИ И ВЕЛИ ВО ПРИЛЕП „СЕ РОДИ ПРВОТО ЧУПЕ“ И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ БЕРИЌЕТНА. ПО НЕГО ИЗЈАВА ДАВА ДИРЕКТОРКАТА НА БОЛНИЦАТА КЕТИ СМИЛЕСКА И ВЕЛИ: ВО НАШАТА БОЛНИЦА „СЕ РОДИ ПРВОТО ДЕВОЈЧЕ“. ПА ПО НИВ ДОКТОРКАТА БИЛЈАНА КРЖЕСКА „СЕ РОДИ ПРВОТО БЕБЕ“. ГИ СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ: ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ДА ВИ КАЖЕ КАКО БАРЕМ ПРЕД МЕДИУМИТЕ ДА ДАДАТЕ НОРМАЛНА ИЗЈАВА  КАКО ШТО ТОА СЕ ПРАВИ  ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ?! И, ВО СИТЕ ГРАДОВИ ВО НАШАВА МАЧНА МАЈКА МАКЕДОНИЈА. ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ Е ЖЕНСКО. ВО ОФИЦИЈАЛНАТА ПРИЈАВА ЗА НОВООРОДЕНОТО И ОФИЦИОНАЛНИОТ ДОКУМЕНТ ИЗВОД ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ ЗА НОВОРОДЕНОТО СТОИ ПОЛ ЖЕНСКИ. НЕ СТОИ НИ ДЕВОЈЧЕ, НИ БЕБЕ, НИ ЧУПЕ. ШТО БИ РЕКОЛ ЕДЕН МОЈ ДОБАР ЛИНГВИСТ „ДОБРО Е ШТО  ЈАЗИКОТ СЕ БОРИМЕ, НЕ ГО ДАВАМЕ, ТОА НИ Е АМАНЕТ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ УШТЕ ДА ЗНАЕМЕ КОЈ ЗБОР ПРАВИЛНО ДА ГО УПОТРЕБИМЕ.

 

  • ПРЕД НАС Е ГОЛЕМИОТ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК БОЖИК. А ВО МАНДАТОТ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ЕДНАШ СЕ СЛУЧИ ВРАТИТЕ НА ГРАДСКАТА КУЌА ДА БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ЗА ДЕТСКАТА БАДНИКОВА ПОВОРКА. ПОУЧЕН ОД ИСКУСТВОТО НА НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА СЕГАШНИОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДЕНЕСКА ВРАТИТЕ НА ОПШТИНАТА СЕ ОТВОРЕНИ.    ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО ПРОСЛАВИЈА И СВ. НАУМ. ПОРАДИ ТОА ИМАМ СЕРИОЗНО ПРАШАЊЕ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ПРЕД БОГА ПРЕД ВЕРНИЦИТЕ И СВЕШТЕНСТВОТОВО ЛАНИ КАКО ПРВ ЧОВЕК НА ГРАДОВ  ЈАВНО ИЗЈАВИ:  Сакам да дадам едно ветување за оваа црква Св. Наум, дека локалната самоуправа со сите надлежности и јас како градоначалник ќе ги преземеме сите активности во текот на оваа година 2022, да ја завршиме изградбата на оваа црква, како внатрешниот дел така и надворешниот и комплетно партерно да го уредиме овој простор околу црквата и да претставува еден убав репрезент на влезот на градот и да биде светилиште на овој светец за сите граѓани на Прилеп.“
  • ОВА ВЕТУВАЊЕ ГО ИСПОЛНИВТЕ ИЛИ КАКО ЗА МНОГУ ДРУГИ РАБОТИ ЈА ПРИМЕНИВТЕ ОНАА  ПОЗНАТА НАРОДНА БУГАРСКА ПОГОВОРКА ,,ДОДЕКА Е….Ш И СОФИЈА ЈА ОБЕЖАВАШ. АМА ПОТОА НИ ВЛАКНО НЕ ДАВАШ!!!!

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (38)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (70- предизборна)

Пела Редакција

Апокалиптична приказна за ангелите и џелатите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе