11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Над 500 деца од сите верски заедници седнаа заедно на Божичниот ручек

Под мото „Едно небо за сите„  во организира на Детската амбасада за сите деца во Светот и оваа година на Божик, традиционално,  по 17ти пат, се одржа заедничкиот Божикен ручек за 500 деца од различни градови од Македонија. Деца од Прилеп, од Скопје, Битола, Тетово, Крушево, Охрид, Струмица и од други градови од Македонија, деца од сите верски заедници, заедно се дружеа и празнуваа, радувајќи му се на празникот и упатувајќи  пораки за радост, среќа, за безгрижно детство.

„Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која друга определба на децата. Ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружат деца од сите верски заедници“ -истакна Петар Стојаноски од здружението.

Александра Северкоска Стојаноски – извршен директор на Детската амбасада, градоначалникот Борче Јовчески и Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар упатија порака за мир, благосостојба, радост и безгрижно детство на сите деца.

„Божик е празник на  љубовта и хуманоста и во овие денови, секој од нас, според можностите кои ги  има, треба да им помогне на оние на  кои  помошта им е неопходна. Токму и целта на овој  настан е сите ние да се чувствуваме еднакви и празникот да  го славиме  заедно. На децата без родители, децата  на бранителите, децата  со  посебни потреби, како и на децата членови на   Детската амбасада за  сите деца во  светот, сакам да им го честитам празникот и Новата година со желби за многу здравје, радост, среќа, успех и безгрижно детство. – истакна Јовечески

На Божикниот ручек се пееја божиќни песни, членовите на студиото „Зодијак“ од Прилеп ја направија традиционалната поворка и пред импровизираната пештера ја искажуваа радоста од Христовото раѓање, а Божикниот ручек го благослови владиката Петар.

Годинава, признанието „Орден на мирот“ организарот, Детската амбасада за сите деца во светот, му го додели на реномираната компанија „Кромберг и Шуберт“ од Битола, а ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, им ја додели на: Прилепска пивара –  Прилеп и Танц студио „Зодијак“ од Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

Прилеп по 18 пат ќе го слави патрониот празник Св Никола чии домаќин по втор пат е Комфи Ангел

Елизабета Филипоска

Утре, без струја ќе останат…

Победа во завршницата поразена од Скопје

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе