11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Македонскиот работник е се’ посиромашен

И две минимални плати во Македонија не се доволни за подмирување на основните потреби за храна и режиски трошоци за едно четиричлено семејство. Според Сојузот на синдикати дури 90 илјади вработени во земјава земаат минимална плата, а најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека дури и просечната плата, која што во ноември лани изнесувала нешто повеќе од 33 000 денари, не може да ја подмири потрошувачката кошничка од 50 000 денари.

Не е мал бројот на работници кои не земале плата за последните два месеци од претходната година, според податоците на УЈП заклучно со 20 јануари тоа се близу 68.000 работници.

Изразено во бројки најниска просечна нето плата во земјава во ноември лани е исплатена во кожарската, текстилната и дрвната индустрија, според последните податоци на Државниот завод за статистика:

Најниска просечна нето- плата и во ноември е исплатена во кожарската индустрија од 21.764 денари.Во текстилната индустрија за производство на облека просекот од нето-плата е  22. 821 денари, а во дрвната индустрија 23 329 денари.

Највисоките плати се во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, во воздухопловен транспорт, производство на основни фармацевтски производи и препарати, и во финансиски и услужни дејности.

Во ноември 2022 та највисоката просечна-нето плата во овој период е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 84.019 денари, следи Воздухопловен транспорт  63.289 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности 53.843 денари.

Инаку, највисоката бруто плата во ноември исплатена во секторот Компјутерско програмирање изнесувала 127 719 денари.

 

Би можело да ве интересира

Во Ѕуница одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Пела Редакција

Изборите да се спојат – порача Мицкоски од Прилеп

Општина Прилеп ќе обезбеди помош за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе