7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Стружанецот Стефан Спироски со прекрасен ковер во чест на Тоше Проески (ВИДЕО + ФОТО )

Дека нашата музичка легенда Тоше Проески никогаш нема да биде заборавен и дека неговата музика нема граници и дека секогаш ќе ги исполнува срцата на публиката која бескрајно  милува да ги слуша и пее неговите композиции покажува и овој прекрасен ковер во негова чест.Ние имаме можност да ви го претставиме тоа на нашиот портал , “Твојте Бакнежи на мојте бели кошули ” во изведба на Стефан Спироски од Струга.

Стефан за Радио Пела вели : Тоше Проески е човекот кој од мали нозе ми беше идол , човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба  да биде задолжетелна особина .Со твоите дела ја заслужи ѕвездата која секогаш ќе го носи твоето име. Засекогаш ќе светиш над нас и ќе не гледаш од горе. Направи премногу за својот краток живот и ти си една од ретките работи што прават да се чуствувам горду што сум македонец. Македонската музика изгуби премногу , изгуби пред се човек со големо срце и вокал кој никогаш нема да го имаме ние, ниту пак балканот. Ете затоа легендите имаат само еден датум на раѓање и живеат вечно! Среќен роденден ангелу!

Ова е уште енда преработка на Стефан пред промоцијата на неговата нова песна за која текстот и музиката ги напиша сам а наскоро и ќе имаме можност да ја чуеме таа негова композиција.

 

 

Би можело да ве интересира

(фото) Снежна Македонија

Елизабета Филипоска

Болка во уво,УФ! ПЗУ ЛЕК М&M, Ваш матичен лекар со компјутерски прелед на уво

Елизабета Филипоска

Пијан славеј доаѓа во Прилеп-Вечер на поезија и шлагери во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе