11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот театар 73 години од постоењето ќе го одбележи со претставата „Декамерон“

Театарот „Војдан Чернодрински“ на 18 февруари 2023, в сабота, одбележува 73 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на претставата „Декамерон “ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски со почеток од 19.30 часот.

Драматизацијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата е од Филип Јовановски, костимографијата на Јулијана Војкова-Најман, за музиката е задолжен оркестарот на театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада, додека вокал и музички соработник е Ана Митоска.

Во претставата играат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески,  Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијеска, Ангела Наумоска, Игор трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски – Ашата, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

„Декамерон“ е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух.Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. Претстава која  стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Првата претстава во театарот „Војдан Чернодрински е  “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, изиграна на 18.02 во 1950 година. Оттогаш, разните генерации актери, ределе премиери еднаподруга, нижеле успеси, а  ансамблот се збогатувал со искуство. Денес,  повторно, заради пензионирање на четворица актери, има недостиг од актери.

На сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ досега се прикажани  околу 370 премиери, изиграни над 7000 претстави, кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави во 73 годишното постоење се “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“ исто во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати.

Театарот низ годините  постигна голем успех и со други претстави како “Колобан”, “Спиро Црне” “Арсениј”, “Полковникот птица”, „Тапани во ноќта“, „Змејовата невеста“, „Клетници“…. Во досегашната историја театарот освоил бројни награди на фестивали, меѓу кои  на МТФ „Војдан Чернодрински“, на Експонто во Љубљана, на МЕСС во Сараево, во Никшиќ….

Театарот низ годините изведувал праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески… Поставени се текстови од околу  140 автори,  а најмногу се играни драмски дела од  Васил Иљоски, Коле Чашуле, Миле Попоски, Брешан, Благоја Ристески – Платнар, Голдони, Гогољ, Њушиќ….

Воочи годишнината упатуваме топла благодарност, медиумите, но и до нашата публика која помогна да станеме она што сме, која е најдобарата гаранција за успеси и афирмација, посочуваат НТ „Војдан Чернодрински.

Би можело да ве интересира

Со точак до Небрегово- до спомен куќата на Конески

Елизабета Филипоска

Откупот може да продолжи, но кој ќе го презема вишокот тутун?

Гордана Цветаноска

Традиционални Василичарски огнови низ општина Новаци

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе