23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Започна Меморијалниот ракометен турнир Миле Нешкоски

Јубилејниот 10 ти по ред Меморијален ракометен меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ беше отворен денеска традиоцнално со положување цвеќе пред споменикот од прерано починатиот ракометар,  на платото пред Универзалната сала во Прилеп. Во знак на почит и спомен за прилепскиот ракометар на Тутунски Комбинат и репрезентативец со едноминутното молчење присутните се потсетија на богатата кариера на Миле Нешкоски во Македонија и странство.

„Овој турнир не е само спортски настан – тој е симбол на пријателство, почит и трајно сеќавање на еден човек кој му го посвети својот живот на ракометот. Фактот што десет години по ред успеваме да го организираме овој турнир, зборува за неговата големина, за љубовта кон спортот и за силата на заедништвото. Овој меморијал денес има и меѓународна димензија, а тоа е уште еден доказ дека делото и ликот на Миле не познаваат граници,“ рече градоначалникот Борче Јовчески при своето обраќање.
Вечерва се играат и првите два натпревари. На првиот натпревар од 18 часот, Пролет (Скопје) – Еурофарм Пелистер 2 (Битола), битолчани за класа подобри од РК Пролет. Па така победата ја однесе Еурофарм Пелистер со 11 голови предност (16: 27). Во 20 часот настапува домаќинот РК Прилеп – Бутел (Скопје).За вљубениците на спортот влезот е слободен, а натпреварите може во живо да се следат и на Јутјуб каналот на следниот линк-  РК Прилеп  

Би можело да ве интересира

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор во прилепската болница

Пела Редакција

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

Пела Редакција

Општина Прилеп: инвестирани над 50 милиони денари во сите основни и средни училишта за 2 години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе