7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

И денешните дојави за експлозивни направи биле лажни

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по направените сите потребни проверки од страна на нивните тимови е утврдено дека сите денешни дојави за поставени експлозивни направи се лажни.

Според МВР цел на денешните дојави за наводно поставени бомби биле вкупно 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп (ООУ Гоце Делчев).

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението.

Денеска цел на лажни напади беа основни училишта во Гази Баба, Центар, Ѓорче Петров и Карпош, Прилеп, а вчера антитерористичките тимови на МВР имаа полни раце поради големиот број на објекти на кои се однесуваа дојавите за наводно поставени бомби. Вчера, реагираше прилепскиот Кризен штаб барајќи упатства како да се справат со најавите за бомби, особено откако имаше дојави со различен карактер.

Би можело да ве интересира

Помош за семејството чија куќа утринава изгоре најави општината

Врховниот суд: Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, а непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Пела Редакција

11 заболени,едно починато и 30 на инфективното одделени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе