7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Фондот за иновации потрошил 750 000 евра за експерти без интервју и тестирање за стручноста

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР.

Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност.

Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.

„Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки , од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација , а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка“, констатира ДЗР.

Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

„Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари“ забележуваат од ДЗР.

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

Исто така, со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

„Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари“, заклучуваат од ДЗР.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп уште еден натпревар го дели од сигурен опстанок во Супер лигата

Кој доби награда на Државниот фестивал на непрофесионален филм, каде град – домаќин беше Крушево?!

Елизабета Филипоска

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ го одбележува патрониот празник

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе