7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Бочварски: новиот автопат Прилеп – Битола започнува со изградба во април

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски очекува на почетокот на април да се официјализира изградбата на патниот правец од Коридорот 10 д, Прилеп – Битола, како и на другите патни правци, кои се дел од Коридорот 8.

„Патниот правец од Коридорот 10 д, Прилеп – Битола, како и другите патни правци од дел од Коридорот 8, очекуваме на почетокот на април да се официјализира со поставување камен-темелник на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д, а во согласност со договорот, во втората половина на април веќе и да почнат градежните работи“, рече Бочварски.

Во однос на движењето на сообраќајот секоја градежна оператива, имала обврска да изработи сообраќаен проект со кој што ќе биде регулиран сообраќајот по тој патен правец доколку реконструкцијата се работи на истата траса.

 

Би можело да ве интересира

5 нови случаи на КОВИД-19 во Прилеп

СВР Битола: ВНИМАТЕЛНО СО ТЕЛЕФОНСКАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ!!!

Прилеп има 61 нов случај на Ковид-19

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе