1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Донација на дидактички помагала за сензорната соба во градинката “Весело Штркче” во Обршани

Мрежата на ЛАГови во партнерство со ЛАГ АГРО ЛИДЕР денеска донираа едукативни играчки и дидактички и моторички помагала за сензорната соба во ЈОУДГ “Весело Штркче” во Обршани.

Со ова проектна активност, од денес наставниот и стручниот кадар во градинката, но и од основното училиште во Обршани ќе имаат на располагање нови алатки за работа со децата, а особено за децата и/или учениците со интелектуална попреченост, аутистичен спектар и др.

Квалитетното образование во претшколска возраст и инлузивноста се предизвик за сите нас, што бара континуирано вложување во програми целосно адаптирани на индивидуалните потреби на децата и создавање на можности за нивна реализација.Во рамките на проектот се споделуваат добри практики од Република Австрија  кои опфаќаат различни области меѓу кои Европската гаранција за деца, социјални услуги за лица со попреченот,  и сл. а воедно се воспоставува соработка со институции/организации од Република Австрија во насока на поддршка и придонес кон поквалитетно и инклузивно образованием, посочи Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Донацијата е обезбедена во рамките на проектот eHelp СМакедонија – Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување, кој го спроведуваат австриските организации Regionalmanagement regio³, Leader Region FUMO и Zeitkultur Oststeirisches Kernland во соработка со Мрежата на ЛАГОВИ од нашата држава со финансиска поддршка на Сојузното австриско министерство за социјални политки, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

 

Би можело да ве интересира

Музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме” гостува во Прилеп

Пела Редакција

Попладнево земјотрес почувствуван во Прилеп и Битола

Елизабета Филипоска

Мицкоски: Консолидацијата на Комбинатот е зад нас, да работиме на развојот(ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе