27.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ќе има ли и за Прилеп електрични еко автобуси?!

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за останатите општини.

Дали вакви автобуси има и за Прилеп, останува да се види, иа доколку има кога, докој период тие би биле испорачани,останува да се види. А, роковите за испорачување се веќе утврдени

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци.

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.
Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки.
Од Министерството нагласуваат дека инвестицијата е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе ја зголеми економичноста на транспортната мрежа и ќе придонесе за подобрување на условите за користење на јавниот превоз. Новите електрични автобуси, покрај еколошките придобивки, се очекува на долг рок да овозможат и пониски трошоци за одржување и енергија.

 

Би можело да ве интересира

Ништо ново од работничката средба со вицепремиерот Анѓушев

(ВИДЕО)Мицкоски од Прилеп: Оваа генерација ја има последната шанса, после којa нема поправен!

Пела Редакција

(ВИДЕО) Прилепска Пиварница со музички спектакл во центарот на Прилеп ќе го одбележи своето едновековно постоење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе