По повод 18-ти Април, вторник, Светскиот ден на културното наследство, НУ Завод и Музеј Прилеп, ќе им овоможи на сите граѓани, бесплатно, да ги посетат и погледнат музејските поставки: Меморијалниот музеј „11 Октомври„ Участакот, Музејот на тутун, Галеријата на икони, Меморијалниот музеј “Кузман Јосифоски – Питу“, Етно музејот , Лапидариумот, Спомен Домот “Блаже Конески“…
По повод 18-ти Април, Светскиот ден на културното наследство вратите на прилепскиот Музеј ќе бидат отворени за посетители потполно бесплатно, од 09 до 16,оо часот. Целта е, велат оттаму , подигнување на степенот на информираноста и јавната свест кај граѓаните за значењето и заштитата на културното наследство.
Овој ден ќе биде одбележан и со едукативен текстови посветен на музеите, а се очекува поставките на НУ Музеј Прилеп да бидат посетени од голем број граѓани, кои не биле во можност тоа да го направат во текот на годината.