4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Гимназијалецот Петар е новата прилепска гордост!!!

Гимназијалецот Петар Мирчевски од СОУ „Мирче Ацев“ – Прилеп, направи подвиг со успесите на натпреварите по предметот хемија и ќе ја претставува Македонија на две хемиски олимпијади: Интернационалната Менделеева Хемиска Олимпијада во Казахстан и  Интернационалната Хемиска Олимпијада во Швајцарија. Успесите започнаа со освоената прва награда на државниот натпревар по хемија, под менторство на проф.Блаже Димески.

Според неговиот ментор, Петар за кратко време го совладал редовниот материјал од II, III и IV година и на 26 јануари 2023 година, во првиот селекционен натпревар се пласирал меѓу десетте најдобри ученици.

 „Со тоа се стекна со правото да продолжи со подготовки на Природно-математичкиот факултет при Институтот на хемија, кои се состоеа од предавања и изведување експерименти прилагодени на материјалот предвиден за олимпијадите. Мора да се каже дека материјалот што треба да се совлада за влез во Олимпискиот тим е скоро цела теориска и применета хемија, а се изучува од светски најпознатите автори, истите оние кои се учат и на најреномираните универзитети,“ додава професорот Блаже Димески.

На Вториот Селекционен натпревар, одржан на 8 и 9 април, Петар Мирчевски го освои второто место и стана дел од тимот кој што ќе ја претставува Македонија на Интернационалната Менделеева Хемиска Олимпијада(IMChO 2023) во Астана, Казахстан од 30-ти април до 6-ти мај.

По враќањето на македонскиот тим од споменатата олимпијада, со организаторот на тимот професор Д-р Миха Буклески, следат повторно кратки подготовки за Интернационалната Хемиска Олимпијада(IChO 2023) која ќе се одржи на лето во Цирих, Швајцарија.

 

Би можело да ве интересира

Неколку проекти за подобрување на квалитетот на живеење на ромското население во Прилеп

Гордана Цветаноска

Плетвар лето, Прилеп во магла

Гордана Цветаноска

Тоше Проески-прва асоцијација за Крушево, град лидер по посети за алтернативен, спортски и еколошки туризам

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе