16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Промоција на инклузивна финансиска писменост за лицата со попреченост

Проектот Beyond Digits (www.beyonddigits.eu) има за цел да ја зголеми финансиската писменост кај возрасни лица со различни попречености преку развој на пристапни и инклузивни материјали за обука. Дополнително, проектот се фокусира и на унапредување на компетенциите и дигиталните вештини на наставници, едукатори и професионалци кои работат со оваа група граѓани.

Во рамките на програмата и програмските активности учествуваат Јован Сталевски и Елена Гагачева, претставници на ЦЕФЕ Македонија, кои се активни учесници и ментори во проектот.

Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија и меѓународен тренер, истакнува дека организацијата веќе долги години работи на развој на претприемнички и образовни програми, применувајќи иновативни методологии и тренинг модели. Во земјава делуваат повеќе сертифицирани тренери кои се достапни за сите заинтересирани за практична и современа едукација. Елена Гагачева, сертифициран тренер на ЦЕФЕ МК, посочува дека стекнатите искуства и методологии овозможуваат лесна примена и во чувствителни теми како финансиската писменост кај лица со попреченост. Според неа, токму интерактивниот и практичниот пристап е клучен за надминување на бариерите. Во програмата „Радио што се гледа“ за целите и активностите на проектот со претставниците на ЦЕФЕ Македонија: Јован Сталевски и Елена Гагачева разговараше Звонко Димоски:

За да се утврдат реалните потреби, во рамки на проектот беше спроведено партнерско истражување во Грција, Малта и Литванија, со испитаници на возраст од 18 до 50 години со развојни и интелектуални попречености. Истражувањето има за цел да ги идентификува празнините во финансиската писменост кај лица со развојни и интелектуални попречености и да разбере каде и зошто тие имаат тешкотии во секојдневно раководење со пари и финансиско одлучување. Анализите покажуваат дека:

  • Лицата со попреченост имаат ограничена финансиска автономија и силна зависност од старатели.
  • Сепак, покажуваат способност да приоретизираат суштински трошоци, што укажува дека соодветно едуцирање може да им помогне да развијат поголема финансиска независност.
  • Потребни се практични, визуелни и сценарио-базирани програми за финансиска едукација.
  • Неопходно е вклучување на дигитална финансиска писменост, бидејќи повеќето не се запознаени или не користат такви услуги.

Овие резултати претставуваат основа за креирање на нови пристапи и алатки, насочени кон практично и прилагодено финансиско образование.

 

Проектот предвидува развој на 3Д дигитална игра за финансиска едукација и апликација за следење и управување со трошоци, кои ќе бидат лесно достапни и адаптирани на различни видови попречености. Овие алатки треба да придонесат за практично учење и полесно вклучување во секојдневниот финансиски живот.

Како дел од активностите, на 10 октомври, во Европска Куќа-Скопје ќе се одржи Конференција за инклузивна финансиска писменост, на која ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата, новите дигитални алатки и идните насоки на проектот. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани професионалци, организации и поединци кои сакаат да се едуцираат или придонесат во развојот на оваа важна тема.

 

Проектот е реализиран во партнерство со организации од Грција, Литванија, Австрија, Малта и Европската асоцијација на давател и на услуги на лица си попреченост (Брисел). Имплементиран со финансиска поддршка на Ерасмус + програмите на Европската унија .

Би можело да ве интересира

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Земјоделците од прилепско добиваат дел од помошта за штетата од јулското невреме

Ни ал, ни абер од старт на реконструкција на улицата „Леце Котески“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе