ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Се’ заврши во пепел на вториот кат од опожарената фабрика „Тила„,

304

Во пожарот во конфекцијата за детска облека „Тила“ изгорело сe’, соопштија сопственичкиte на овој бренд,  на својата фејсбук станра. Тие порачаа и охрабрува дека производството ќе продолжи во најбрз можен рок, а продавниците нема да се затворат. Причината за пожарот, велат тие, сеуште не им е позната и сеуште чекаат надлежните да ги информираат, а не ја знаат ниту висинатата на направената штета.  За среќа, за време на пожарот немало никој, бидјеќи 21 април беше неработен ден. (видео подолу…како изгледа вториот кат од зградата) Во нивната објава се вели:

“Драги наши пријатели, за оние кои сеуште не се информирани, со многу тешко срце и голема болка во душата, Ве информираме дека вчера на 21.04.2023 г во фабриката Тила изби пожар во кој за жал изгоре се!Причините за пожарот за жал сеуште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени. За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20ти години! Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци. Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок.

Воедно Ви се заблагодаруваме за Вашата безрезервна поддршка која ни ја дававте и во изминатите години, а која сега ќе ни значи најмногу од се. Тила живее преку Вашите најмили и се надеваме така и ќе продолжи и во иднина!”,  објавија сопственичкитеа на Фејсбук.

…а,  се заврши со целосен пепел на вториот кат од зградата„ низ солзи раскажуваат тие

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: