Социо-емоционалниот развој и учење се предуслов за правилен раст и развој на децата од предучилишна возраст, а соработката на релација воспитувач-негувател е една од основите за тоа, констатираа околу 40 негувателки од градинките од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани на денешната обука на негувателите од градинките која се одржа во Прилеп. Активноста е дел од програмата за унапредување на социјалното и емоционалното учење кај децата. Обуките ги спроведува ЕДУЛЕНД- Асоцијација на едукатори и професионални заедници во партнерство со канцаларијата на УНИЦЕФ во Скопје, како дел од програмските активности на проектот: „Градење на капацитетите на негувателките во предучилишните установи”. Со тоа Министерството за труд и социјална политика продолжи да работи на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца, како дел од заедничката соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието,.
Во шесте градинки од Јавната општинска установа Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп се вработени 40 воспитувачи и 52 негувателки.