7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Николоски од с. Мало Коњари посочи дека Владата не соработува со градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ и го блокира издавањето на општинската обврзница

Почнувајќи од овој викенд ВМРО-ДПМНЕ започна акција насловена „Ова е Македонија за сите” која ќе трае до 17 јуни. Во рамките на оваа акцијата, Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски ги посети населените места Мало Коњари, Големо Коњари и Беровци. „ Целта на средбите е да се запознаат граѓаните со активностите на партијата од една страна, но и да се слушнат проблемите на граѓаните и заедно да изнајдеме начини на нивно решавање, рече Николоски

„Почнуваме денес една огромна теренска активност во којашто планираме да посетиме, да го посетиме буквално од најмалото до најголемото населено место во Македонија. Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните, пред се во селските средини, а секој вторник и секој четврток ќе одиме и во урбаните средини, така што следниот период е пред предвиден ни е да стигнеме до секој оној кој што сака да не слушне, а и ние сакаме многу да слушаме да ги слушне маките на граѓаните, она со коишто се соочуваат.

Таму каде што има градоначалници предложени од Вмро ДПМНЕ да помине да видиме што е досега реализирано, што може да се реализира во следниот период и што може да се направи по однос на барањата на граѓаните и да поразговараме во однос на штетните политики кои што владата ги води , пред се штетните национални политики, односно отстапките, коишто ги прават во однос на националните прашања, но исто така е штетните економски политики и пустошењето на државата, како и веќе се поевидентниот брутален криминал и корупција, којшто почнува од најниско завршува на највисоко. Така што сакаме да поразговараме со следен период со граѓаните и врз основа на тоа да ја креираме и програмата за следните парламентарни избори.„

 

Николски смета дека Владата свесно прави опструкции на радоначалниците кои се од ВМРО ДПМНЕ посочувувајќи го како пример издавањето на општинските обврзници„важни за реализирање на општинските проекти“-рече тоја

„Да бидам директен, владата не соработува со градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ затоа што не потекнуваат од партиите кои што се во влада и мислат дека на тој начин ќе успеат да направат ефект кај граѓаните.  Напротив создаваат омраза и револт кај граѓаните. со блокадите кои што ги прават на општините.

Но, во однос на она што зависи само од општините, тука  веќе имаме сериозна реализација. Еве, во  ова населено место, се реализира еден убав проект, се прави парк со целосна урбана опрема, каде што ќе можат жителите да поминуваат дел од своето време. Убаво е уредено и училиштето сака да кажам дека  она што зависи од општината се прави . Но, што се однесува до финсискиот дел средствата на општините се навистина мали и општините зависат најмногу од дотации кои што доаѓаат од централната власт, односно владата.  Најдовме креативно решение, а тоа е општините да издадат општински обврзници.  Тие општински обврзници се добри и за народот, и за локалното стопанство, затоа што покрај тоа што тие значат реализација на голем број проекти, тие значат и сигурно место каде што граѓаните и локалното стопанство ќе може да ги вложи сопствените пари и да добие повратно камата која што е повисоко од било која. Сите процедури се завршени, вклучувајќи и во општина Прилеп и сега владата опструира. Односно една работа само треба да направи владата, а тоа е формално на седница на влада да помине одлука за издавање, на општинска обврзница во општина Прилеп и после пак е работа на општина Прилеп. Таа една работа не ја прават, ги блокираат општинските обврзници на начин што не гласаат на Влада. Мислам дека поголема опструкција и поголема блокада од ова не е видена!- рече Николоски, зборувајќи за важноста на издавањето на општинските обврзници„

Овој викенд 19 тимови на ВМРО ДПМНР посетуваа 100 населени места во а Македонија за  остварат средби со граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка и верска припадност.

 

Би можело да ве интересира

Седница на Совет: за пензионери бесплатен превоз, за студенти стипендии, за згрижување деца воспитни група со поголем број деца…

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со оставката на Локвенец, дното за неспособност е пробиено!

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Иронично е СДСМ да зборува за грижата за земјоделието

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе