4.5 C
Прилеп
понеделник, 17 февруари, 2025
Пела Радио

Два услови за успешен референдум

Потребно е половина од запишаните избирачи, плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените, плус еден да гласаат „за“- тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на  брифинг од ДИК.

На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога референдумот е обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи за што се распишува.

„Кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација.„

Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година велат од ДИК

Молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резулатите за излезноста, на денот на референдумот, ќе бидат соопштувани шест пати. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК, велат, ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект.

Во ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик.

Преземено од:стандард.мк

 

Би можело да ве интересира

Како да се креираат позитивни модели на културни искуства преку нови медиуми?

Пела Редакција

Филипче и Јованоски отворено со граѓаните: „Го зголемивме животниот стандар, реализиравме многу проекти„

Елизабета Филипоска

Талевски: Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе