7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп доби вторилигаш во кошарка

Екипата „Мега баскет“ Прилеп, по вечерашната победа, идната сезона станува дел од Втората македонска  кошаркаска лига.  Статусот на вторилигаш го добија по победа од 78:69 против скопската екипа Маџари, во третиот меч, т.н. мајсторка од полуфиналето на третолигашкиот плеј-оф за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Во преполнета  училиштна сала во ООУ „Добре Јованоски“, каде се играат кошаркарските натпревари, прилепските кошаркари само својата игра и квалитет потврдија дека Прилеп може да ја врати кошарката на своите спортски терени и дека овој спорт може да се врати во некогашниот спортски сјај.

Најефикасени стрелци кај домашните беше Крстески со 17 постигнати коша и Стевананџија со 16, а кај гостите Тасовски со 19 коша.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 16, Петрески 7, Чакрески, Митрески 6, Станимировиќ 7, Крстески 17, Јаневски 8, Стојчески, Настески 13, Домлевски 4, Дејан Трајкоски, Кузманоски. Тренер: Стефан Стевананџија.

МАЏАРИ: Ивица Палевски 2, Димовски 8, Влаховиќ 9, Тасовски 19, Иван Палевски 3, Крстев 9, Величковски 2, Рајковски 6, Макревски 9, Тодоровски 2. Тренер: Перо Блажевски.

Би можело да ве интересира

Кичевчани најдобри на турнирот во Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Победа нема дилеми за триумф на домашен терен

Гордана Цветаноска

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе