11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Потпишан договорот за реконструкција на улицата Леце Котески

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна посета на општините Росоман и Прилеп и изврши увид во изградба на инфрастрктурни проекти што се реализираат со поддршка од Министерството за транспорт и врски.

При посетата на општина Прилеп, со градоначалникот Борче Јовчески го потпишаа договорот за реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, една од најфрекфентни улици во општината.

– Инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски. Со рехабилитација на оваа улица се подигнува безбедноста за сообраќај и ќе се овозможи побрза комуникација со жителите од прилепскиот регион. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека во должина од два километри, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Информацијата ја потврдија и од кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески :

„Денес потпишавме договор за реализација на Проектот за „Реконструкција на улицата Леце Котески“, аплициран преку Проектот за поврзување на локалните патишта – финансиран од Светска банка а имплементиран од Министерството за транспорт и врски, претставувано од Министерот, Благој Бочварски. Убава вест за сите наши граѓани од Општина Прилеп. Нашата Локална самоуправа ги спроведе сите технички документации и после година и половина чекање, конечно дојдовме до фаза на почеток на градежните работи на овој наш значаен влез на градот кој што не поврзува со општина Крушево.Подобрувањето на патната инфраструктура, со цел да создадеме погодни услови за зајакнување и унапредување на бизнис климата во нашата општина останува наша цел. Во таа насока, за да обезбедиме реализација на што е можно поголем број на проекти од капитално значење за нашиот град, ќе продолжиме да работиме и соработуваме со сите надлежни институции, “ соопшти градоначалникот Борче Јовчески.

Би можело да ве интересира

Автомобил прегази жена на велосипед во Прилеп

Пела Редакција

Прилепскиот основен, добива двајца новоизбрани судии од скопскиот Кривичен суд

Пела Редакција

Прилеп: Tел.број за матичните стоматолози да најават пациенти во ИСП

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе