23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Засилени инспекции во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите.

Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, Законот за заштита од пушење и сите други одредби.

Државниот пазарен инспекторат најави дека соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите.

Од ДПИ ги повикуваат граѓаните секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Се реконструира регионалниот пат Крушево – с. Пуста Река

Прилеп одбележува 77 години од Денот на конечното ослободување на градот

Инфективното преселено во три одделенија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе