На социјалните мрежи вечерва се појави информација за исчезнато девојче од село Пешталево, општина Долнени.
Како што стои во повикот за помош, станува збор за 15-годишно девојче, Ана Марија Ѓореска, која се води за исчезната од вчера. Девојчето последен пат било видено кај автобуска постојка во село Ропотово, околу 19ч. Оттогаш му се губи трагот.
Полицијата е веќе запознаена со случајот и е во потрага по девојчето. Апелот на социјалните мрежи е споделен од Светлана Јованоска, која пишува дека девојчето во последно време било многу затворено и не комуницирало со луѓе.
ЛИНК до објавата на социјалните мрежи: