На 18 јули 2023 г. /вторник/ од 20.00 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи музичката вечер „Звуците на градот“.
На музичката вечер со избор песни ќе се претстават: КУД „Пензионер“, Женската пејачка група „Преродба“ , КУД „Пере Тошев“ и Октетот Прилеп.
КУД „Пензионер“ работи под покровителство на Здружението на пензионери, пејачката група „Преродба“ со поддршка на Здружението, КУД „Пере Тошев“ е пејачки состав на пензионираните просветни работници, кое постои од 1987 година и во својот догашен опстој негува богата музички репертоар, хармонизирани македонски староградски народни песни, ренесансни песни како и хорски композиции од
различни музички автори.
Октетот Прилеп работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и досега реалиизрал бројни концерти, имал настапи на фестивали на староградска музика, а чест гостин е на манифестацијата Илинденски денови.