21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април, во Прилеп ќе се одбележува со култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“.

Програмата има за цел да ја истакне важноста на образованието, културата и успехот на ромската заедница, преку богата и разновидна програма исполнета со музика, рецитали, драмски и танцови изведби. Ќе настапат ученици од повеќе основни и средни училишта од Прилеп, кои преку уметноста ќе испратат силна порака за еднаквост, почит и заедништво. Посебен акцент ќе биде ставен и на успешни приказни и позитивни примери од ромската заедница, кои ќе послужат како инспирација за сегашните и идните генерации. Со овој настан, Општина Прилеп упатува порака за почитување на различностите и градење општество во кое секој има еднаква можност за успех.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да присуствуваат и заедно да го прослават богатството на културата и заедништвото.

Би можело да ве интересира

(Видео)Чудото од Ерусалим: Благодатниот оган се симна на Христовиот гроб!

Прилеп го одбележа 2 Август – Денот на републиката

Дали се во најава нови рестриктивни мерки?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе