0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

„Љубовни пози на историјата“ на прилепскиот театар ќе го отвори Фестивалот на монодрама во Битола

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Љубовни пози на историјата„ (Figurae, veneris, historia) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска во петок 11 мај 2018 , гостува во Битола. Настапува на отворањето на јубилејното 20 – то издание на Фестивалот на монодрама.
Битолската публика ќе има можност да ја проследи претставата која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Претставата „Љубовни пози на историјата“ покажува и какви последици остава војната врз човечкиот род. Преку личните приказни на колоритните ликови кои доаѓаат од различни слоеви на општеството и ситуациите низ кои поминуваат, публиката ќе може да се препознае себеси.
На Фестивалот на монодрама за петте фестивалски денови ќе бидат изведени осум монодрами во конкуренција и тоа од Босна, Азербејџан, САД, Полска, Русија, Бугарија, Хрватска и Македонија. На програмата на фестивалот е само една македонска монодрама, „Јас, Селма“, приватен проект на авторот и режисер Милош Андоновски и актерката Симона Спировска.
Наградата Гран-при на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 ќе ја додели тричлено интернационално жири кое ќе го предводи режисерот и актер Коле Ангеловски, Нина Мазур – театролог и театарски критичар од Германија и актерката Весна Петрушевска. Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски.

Би можело да ве интересира

Витаминка започна со детски караван за општествени вредности и едукација

Пела Редакција

Новите книжни дела на Тинтоска го збогатија литературното творештво

Елизабета Филипоска

Дали „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе прераснат во аматерски театарски фестивал за средношколци?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе