3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ќе биде весело – фестивал на пиперката во Кривогаштани на 27 ми август

За прв пат во општина Кривогаштани ќе се реализира манифестација посветена на пиперката, градинска култура препознатлива по својот квалитетет за тој регион. Фестивалот на пиперката ќе се одржи на 27 ми август, в недела, со почеток од 17 часот во центарот на Кривогаштани на регионалниот пат со Крушево. Општината, заедно со невладината ЛАГ АГРО ЛИДЕР најавуваат презентација и промоција на се’ што може да се произведе од пиперка и на друга храна по која што одликува регионот.

„Ќе бидат присутни со свои штандови локални производители на пиперка и преработувачи, а за љубопитните ќе се подготвува  ајвар според традиционален рецепт кој што гостите ќе можат да го вкусат,“ посочи Никола Мискоски, градоначалник на Општина Кривогаштани во разговор на програмата „Радио што се гледа“ на Радио Пела :

 

Ќе има и богата музичка програма со Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велеска, нашите локални изведувачи Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, а ќе има и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.

Предвидена е програма за најмладите, детско катче за да се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци. Игор Џамбазов веќе е подготвен за Фестивалот:

 

 

Би можело да ве интересира

Што сработи градоначалникот на Крушево за две години?!

Елизабета Филипоска

Три дена Прилеп во акција за чистење на дивите депонии

Во тек санација на неколку патни правци во прилепска Пелагонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе