30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

В среда во Прилеп -„Талкање низ емоциите и државите“

В среда од 18.30 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи изложба и промоција на книга со поезија и кратки раскази насловена „Талкање низ емоциите и државите“ од група автори.
Оваа книга е плод на заедничката соработка на македонските со странски автори, која почна на иницијатива на Марилена Стреи-Бианки. Делото е продолжение на веќе објавена двојзична (македонско-англиска) збирка со наслов „Емоции“. Уметниците од нашата земја и Италија работејќи заедно на ова дело, го претствуваат својот внатрешен, но и надворешен свет, опкружувањето. Секој уметник се отвора кон културата и чувствата за другите, создавајќи мост за уметничко изразување и чувства. Книгата е важен израз на континуиран дијалог во духот на слободата и разбирањето.
Во оваа збирка, свои песни и раскази објавуваат: Андриана Ристеска, Апостолос Константакакис, Беатриче Бресан, Габриела Станоеска Стојаноска, Игор Трпчески, Марилена Стрeит-Бианки, Петре Петрески и Сузана Ѓорѓиевска.

Автори на илустрациите се: Василка Фимков, Дарко Талески и Методија Јорданоски.
Корицата на книгата е фотографија на дело од 2015 од академскиот сликар Кирил Гегоски.
Ако доволно ве заинтригиравме, повелете во библиотеката во среда во 18:30 часот, да продолжиме заедно, градејќи мостови, рушејќи бариери и создавајќи нови хоризонти и на слободата и уметноста.

Би можело да ве интересира

Една третина од буџетот ја чини сивата економија во земјоделството

Пела Редакција

Трите фронта за спас на Победа

(фото-видео) Над 300 деца ќе бидат дeл од Бадниковите поворки во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе