25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

На пауза ставен Испитниот центар за подрачјето на СВР Битола за закажување и спроведување испити за возачки дозволи

Според известувањето на официјалната веб страна на новиот испитен центар „Супер возач“ за подрачјето на СВР Битола, центарот нема да нема да закажува и спроведува испити од 12.08.2025 година најдоцна до 13.09.2025 година:

„Известување: Испитниот центар нема да закажува и спроведува испити од 12.08.2025 година најдоцна до 13.09.2025 година“, стои на нивната веб страна.

Испитниот центар за полагање на возачки испит е ставен на пауза од еден месец. На што се должи ваквото известување, и дали има некаква забрана, сеуште не е јасно, но во секој случај нема да има закажување и полагање на возачки испити за идните возачи од Пелагонија: Битола, Прилеп, Ресен и другите помали општини во рамките на СВР Битола, кој покрива 11 општини со 400 населени места и близу 300.000 жители.

Испитниот центар „Супер возач“ доби лиценца за оператор за спроведување на возачки испити во јуни годинава по претходна 6 месечна пауза.

Би можело да ве интересира

Кога книжевноста оживува на филмското платно

Во тек јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување велосипеди

Над 1 100 барања доставени во Општина Прилеп за проценка на штетите од невремето на 23 јули

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе