7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)„Драга Владо, разбудете се, не си играјте играчки со овој народ“, 16 ден пензионерски протести

Од 9 и 30 во траење од 1 час, денеска во Прилеп беше блокиран сообраќајот на крстосницата од кружниот тек кај Солидност од пензионерите кои 16 ти ден протестираат. Нема отстапки од основното барање за линеарно, рамномерно покачување од 3 500 на висината на сите пензии. Пензионерите кои протестираат велат дека револтот е се’ поголем бидејќи ресорното министерство и нивните претставници во здруженијата се категорични и не го прифаќаат барањето како нелигитимно. Паралелно, се протестира и во другите градови, а иницијативните одбори се координираат за заедничко настапување. Пензионерите кои протестираат се незадоволни од функционирањето на прилепското здружение. Се предлага да се укинат хонорарите на пензионерските претставници, а здруженијата да ги водат пензионери со ниски примања :

 

– Ако функционира здружението ќе дојдеше и ќе го поддржеше овој мачен народ кои што, и јас сум во тие, земаат 12 илјади пензија. Таму парите се расфрлаат. На месечно ниво здружението кое што има 14 400 пензионери од кои од повраток од Скопје земаат 7 илјади евра, здружениево во Прилеп, и некаде околу 5 илјади евра земаат од кирии. Тие пари каде одат? Една година имаше завршна сметка – колку трошоци, толку расходи! Каде одат тие пари- 140 илјади евра на годишно ниво влегуваат во тоа здружение? Зошто не ги распоредат? Другата работа во здружението – за погребнина во Прилеп само 35 илјади евра месечно. Зошто луѓево кога ќе почини некој чекаат по 5 до 6 месеци, а тие пари се платени од напред. Имам прашање и до министерката: зошто кога ги покачија од 150 на 180 денари овие пари кои што се оддвојуваат не ги покачија процентуално, туку тоа беше линеарно??? И како, оној што зема 60 илјади пензија и тој да плаќа плус 30, нека го покачат процентуално, а кажува дека тоа не било исправно, не било законски. А како беше законски да ја покачат за сите исто наплатата и за оној што зема 7 илјади и за оној што зема многу повеќе да му запира 30 денари.

Имам предлог – здруженијата треба да ги  водат луѓе, бидејќи статутот добро го познавам, не треба образование: значи треба да биде пензионер и да има организаторски способности. Тие се напикани со факултети таму, да манипулираат со народот. Здруженијата треба да ги водат луѓе со ниски примања, тие водат сметка, овие луѓе ќе водат сметка за сите пензионери. А не ти со 50 – 60 илјади пензија, тие нема да водат сметка. Друго- да се укинат тие хонорари: претседателот зема некаде околу 15 илјади денари хонорар, настрана од пензијата, другата работа тој е во извршен во Скопје, месечно најмалку одат 4 до 5 пати земаат дневници за тоа, земаат патни трошоци и одат на сметка на здружението јадење, пиење. Значи од 14 400 пензионери, петмина раководат и ги трошат парите и некаде годишно 3 до 4 пати околу 300 пензионери. Каде се останативе пензионери да видат бенефит од тие пари што ги оддвојуваат? Мислам дека ова раководство не заслужува да го води здружението и ова раководство е партиско раководство, партиско поставено од државнава власт. Нека не ги укривуваат луѓево дека се партиски, јас преговарав со луѓе од другата партија, апсолутно тие не беа ниту заинтересирани, вели Цветко Миленкоски, поранешен член на раководството на прилепското пензионерско здружение.

„Со сите градови контактираме, сето е организирано. Наредната недела се собираме во Велес каде детално се прави планот и настапуваме понатаму се додека не ги добиеме своите права, нема отстапување, ако треба ќе паднат и жртви, како што падна. Владата нека си земе на ум, пресметувањето на пензиите, покачувањето треба да биде на сите линеарно, не процентуално, бидејќи – некој земал поголема плата, оддвојувал, па затоа зема поголема пензија. А сега што оддвојуваме ние повеќе некој да зема 6 илјади денари повеќе, а јас да земам 600 денари?!“, прашува Милан Пирганоски, пензионер.

„Ја замолувам Владата: Драга Владо, размислете, разбудете се од умовите ваши заспани што ви се. Си играте играчки со овој народ. Едно имам предлог јас што ми тежи на душата: овие сите што се мачни дојден за овие 15 дена кои штрајкуваат, да си го олесните барањето, сите еден список најактивните, да си ги повика и да им ги крене пензиите. А на тие што си седат дома, значи не им требаат. Вас ќе ви се олесни, на вас Владата ќе си бидете чисти, а овие што се подбиваат со тие што доаѓаат на протести не е добро, вели Зора Дојчиноска, пензионерка.

„Договорени сме од 9 и 30 до 10 и 30 блокади секој ден овде, на кружниот кај Солидност, а ќе има блокади и на други места. Сакам да им кажам на пензионериве, ич да не се плашат. И досега еве министерката, нити не’ слушнала, нити прашала, нити ни кажала нешто. Исто така па дури и премиерот. Јас незнам како не се застрамија? Незнам како не им е грев за овој народ. Сите сме над 70 години, стоиме по жештините. За колку? За 3 500 денари и тие 3 500 денари ги лапна инфлацијата!!! Еве млеко се покачи, сирење се покачува, од септември и лебот ќе се покачи. Што бараме ние?!,“ вели Билјана Шеќероска, пензионерка.

– Ги известувам сите пензионери секој ден на кружниот тек пред Солидност ќе има блокади најавени се, никој да не се плаши и ги поканувам сите да излезат во што поголем број, вели  Вера Стеваноска, пензионерка, член на иницијативниот одбор на протестите.

Пензионерските протести во Прилеп започнаа на 3 ти август и се проширија во сите градови од Македонија. На 14 ти август во Скопје се одржа централен протест, а за наредниот месец на 20 ти септември најавен е уште еден генерален протест по повод Денот на пензионерите.

Би можело да ве интересира

Избрано ново претседателство на Македонската заедница во Чешка

Пела Редакција

Рекордно висок процент на новозаразени

Гордана Цветаноска

Боево гаѓање, Леково забранета зона

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе