11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Совети од Фиталија: Како да се произведе органски мед?

Македонија има идеални климатски услови за производство на мед. Квалитетот на македонскиот мед е ценет и платен на странските пазари, а уште повеќе кога станува збор за органски мед, кој што пак е реткост во земјава. Без пчелите нема да има живот на земјата, бидејќи ќе се прекине една од најважните алки во кругот на природата и животот воопшто вели Ели Ристеска, агроном од земјоделската аптека Фиталија, која што во соработка со Христина Јованоска Карапеевска, агроном, застапник на дански био производи, на база на микроорганизми го промовира Биоса Апис.

Производот е пробиотик, природен, подготвен е од преку 20 видови сушени делови од растенија. Тоа е микробиолошка мешавина произведена врз база на живи култури од корисни микроорганизми, посочи Христина Јованоска Карапеевска во програмата „Радио што се гледа“.

  • Кои услови се потребни, какви начини и средства се користат, што треба да се почитува при третман во пчеларникот.
  • Можно ли е еден производ да задоволи повеќе барања за превентива од болести, заштита од штетници и правилна прихрана на пчелното семејство?
  • Во период на подготовка за зазимување на пчеларникот што треба да се преземе?

Целта на органското производство на мед не е во количината туку во здравствена исправност и на пчелите и на крајниот производ, при што целта е производство на здраствено- безбедна храна без присуство на резидуи.

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец: Започна чистењето на речното корито од поплавите

Преку проектот „Изградба на Инклузивно детско игралиште “ во паркот на Могилата ќе „никни„ ново детско игралиште за сите деца

Елизабета Филипоска

Најмладите ја започнуваат прочкарската карневалска еуфорија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе