16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

“Бајачка” од Прилеп кривично ќе се гони за измама – земала злато и пари за да помогне за здравје

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(39) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во период од мај до јуни 2023 година, во домот на 56-годишник од Струга, дошла пријавената, лажно се претставила и ветила дека со одредени обреди може да помогне за надминување на здравствени проблеми.

Во неколку наврати оштетениот на А.Р. ѝ дал пари и златни предмети во вредност од 80.000 денари, кои по извршените обреди требало да му ги врати, но не му ги вратила.

Би можело да ве интересира

Се степале двајца соселани од Десово

Му го запалиле возилото во дворот

Прилепските танчери патуваат на европскиот натпревар во Сараево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе